Сеќавања за старо Скопје со Емилија Џипунова [подкаст]

Пред една година го објавив мојот прв независен подкаст, разговор со Емилија Џипунова, доајен на македонскиот балет.

Говориме за Скопје пред 1963 година. Кога ќе го спомнеме старо Скопје се асоцираме на старите архивски фотографии на кои е прикажан плоштадот со добро препознатливиот Офицерски дом. Но нас нѐ интересира каков е животот позади таа фотографија? Какви биле скопјани? Како изгледал еден обичен ден на почетокот на педесетите години – корзото, културниот живот и сето она што му давало карактеристика на градскиот дух. Разговараме со Емилија Џипунова, доајен на македонскиот балет, балетски критичар и педагог. Таа ќе нѐ води низ нејзините сеќавања.