Социјалните мрежи веќе подолго време се дел од нашето секојдневие. Освен што ни овозможуваат лесно и брзо да се поврзуваме, нивното користење може длабоко да влијае врз нашиот светоглед и врз сликата која ја имаме (или ја градиме) за себе. Новиот феномен наречен инфлуенсерството кој е проследен со следење на секој детал од животите на луѓе кои воопшто не ги познаваме, затскриениот маркетинг и низа други појави, помалку или повеќе влијаат врз нас, а особено врз младите.
На кој начин социјалните мрежи влијаат врз сликата која ја имаме за себе? За ова прашање разговарав со Ирина Николовска, психолог и Гешталд советник во „Неокортекс“.