Оваа епизода е посветена на тема која не’ засега сите нас, а тоа е потрагата по смисла во нашите животи. Инспирирана сум од книгата на познатиот психолог и логотерапевт Виктор Франкл „Човековата потрага по смисла“. Се смета дека оваа книга е една од оние книги кои човек би требало да ги прочита во текот на својот живот. Франкл преку своето лично искуство во логорот Аушвц доаѓа до суштински одговори на прашањата поврзани со смислата на животот, а кои нам денес можат да ни помогнат на патот кон пронаоѓање на смисла во животот.
