„Жолти чорапи“ – сликовница за учење емоции и емпатија

Бувко како нов жител на шумата Зелен рај едно утро оди да ги посети и запознае своите соседи. Покажувајќи љубезност, на секој сосед му носи подарок – нешто корисно и важно. Забележува дека секој сосед е во различно расположение, лисицата е лута, ежот е тажен, волкот е исплашен… Бувко со својата љубезност и подароците кои им ги носи сака да помогне, но не му е јасно зошто секој сосед има различна боја на чорапи? Подоцна соседите ќе му ја откријат тајната, а таа е дека бојата на нивните чорапи е израз на тоа како се чувствуваат тој ден.

Сликовницата „Жолти чорапи“ напишана од Билјана Лотеска, а илустрирана од Катерина Трајановска е една од оние приказни која ги воведува децата во светот на емоциите и ги учи за емпатија.

Оваа сликовница поттикнува да разговараме со децата за емоциите и емпатското однесување. Наменета е за предучилишна возраст, но доколку вашето дете тешко го задржува фокусот додека читате, ви препорачувам малку драматизација и паузи за разговор меѓу деловите во приказната.
На крајот на сликовницата има активности на кои мојот син секогаш им се радува и со задоволство ги решава.

Сликовницата е издадена од @libipublishing