Да им се чита на децата – колку порано, толку подобро

Најновите невронаучни истражувања покажуваат дека е пожелно родителите да започнат да им читаат на бебињата уште од првите месеци. Децата на кои им се чита од раѓање имаат породбри темели за понатамошниот успех во учењето и подобар развој на јазичните вештини.

До петата година мозокот на децата се формира со огромна брзина. Читањето придонесува за создавање на нови невронски конекции. Ја стимулира имагинацијата и им помага на децата да го разберат светот околу нив. Помага во развој на емпатичноста. Читањето како дел од секојдневната рутина создава квалитетно време на родителите со децата и ја зајакнува врската. Децата чувствуваат особено внимание, љубов и утеха додека родителите им читаат.

Затоа, за момент заборавете на технологијата и екраните и посегнете по сликовниците. На бебињата и на малите деца екраните нема да им го дадат она што вие можете да го посеете со зборовите.