Пролетта е тема која секогаш им е блиска на децата. Токму преку приказни и песни можеме да им ја пренесеме убавината на будењето на природата и животните циклуси.
Разгледувајќи го нашето домашно детско библиотечно катче наидов на овие наслови поврзани со пролетта и будењето на природата. Не ги рангирав според некаков критериум, едноставно само ги давам како предлог доколку барате нешто по повод почетокот на пролетта 🙂
📚 💐Пролет од Нурија Рока/Детска Радост
Едноставно запознавање со карактеристиките на пролетта, последено со убави илустрации и активности на крајот.

📚🌍Четири годишни времиња од Ели Маказлиева/Едука Мак
Запознавање со сите годишни времиња, низ песни, приказни и рими. Богата содржина, но според мене илустрациите се премногу впечатливи и има шаренило на бои што го одвлекува вниманието на детето.

📚🌳Бисерното езеро од Неше Рамовиќ/ Арт Батев
Инспиративна приказна за врбата Жална и пријателството кое ќе и’ донесе радост и ќе го оживее бисерното езеро.

📚🌦 Бумбарчето Карл чека дожд од Тиа Нави/ Прозарт
Приказна која на креативен начин на децата им го доближува светот на растенијата и инсектите. Илустациите се многу нежни и кореспондираат со приказната. Приказната не е дноставна за следење, па сметам дека е за дечиња кои се навикнати да слушаат долги приказни 🙂

📚🌸 Бакнежот на пролетта од Елизабета Баковска/Либи
Приказна за малото девојче кое живее во земја во која е постојано зима. Од приказните на баба и’ таа дознава дека некогаш одамна пролетта доаѓала и во таа земја. Тогаш решава да оди во потрага по пролета…
