Сметам дека никогаш не е рано за енциклопедии. Енциклопедиите изобилуваат со реални фотографии од природата, животните, луѓето… Додека детето се’ уште не знае да чита, реалните слики ќе му „говорат“ на детето. Доколку забележувате дека детето има интерес за животни – понудете му енциклопедија за животни. Кога ќе покаже интерес за водниот свет – понудете му енциклопедија со морскиот свет. Ако го интересираат диносауруси – енциклопедија за диносауруси итн. При изборот гледајте да бидат лесни и во формат кој ќе биде практичен за детето да може самото да ги листа.
Интересен факт е дека и бебињата сакаат енциклопедии. На пример, обожуваат да гледаат реални слики на луѓе и на бебиња. Па доколку имате енциклопедија или пак книга со богат избор на фотографии со лица на луѓе или деца, разгледувајте ја заедно со бебето или малото дете, ќе забележите со каков интерес ќе ги гледа.