Со лансирањето и развојот на Chat GPT (алатката која користи вештачка интелигенција) расте и една нова генерација деца кои (ќе) ги користат овие алатки. Се отвора нов хоризонт за размислување, истражување и анализа. Какво влијание ќе има употребата на вештачката интелигенција во животите на децата? Дали вештачката интелигенција ќе ги воспитува децата? Може ли да го формира нивниот светоглед? Дали ќе го обележи нивното детство, тинејџерство, образованието и понатаму можноста за работни места? И она што е најважно, како ќе влијае врз нивниот психички развој?
За сите овие прашања разговарам со Филип Чаусидис, програмер и родител.