„Сплесканиот зајак“ – приказна за смртта и загубата

📚”Сплесканиот зајак” од Бардур Оскарсон во издание на @pnvpublikacii е уште една сликовница која говори за смртта и загубата. И во оваа сликовница илустрациите играат многу значајна улога во разбирањето на приказната. Стаорецот и кучето забележуваат сплескан зајак на улицата. Кучето е малку преплашено, па двајцата стојат и го набљудуваат во тишината. Размислуваат за тоа како изгледа да лежиш така сплескан на улицата…сакаат да го преместат. Размислуваат кој е најдобриот начин. И конечно решаваат, да го одлепат неговото тело од земјата и да го залепат на летало кое ќе го пуштат на небото.

💫Во оваа нивна одлука има нешто што потсетува на верувањето дека душата на човекот продолжува да постои, таму некаде горе, на Небото… па тие како да сакаат да го прикажат тој момент на еден едноставен начин како симболична игра.

“Сплесканиот зајак” е сликовница која на едноставен, помалку реалистичен, а повеќе симболичен начин ја прикажува смртта и верувањето дека Нешто продолжува да живее и откако физичкото ќе го снема. Освен тоа, примерот на зајакот и стаорецот е силен – тие не остануваат рамнодушни гледајќи го зајакот, најпрво чувствуваат страв, тага, потоа преземаат нешто за да му овозможат достоинствен пат кон Небото.

💡И за оваа сликовница сметам дека треба да се одбере вистинскиот момент и да се следи подготвеноста на детето за овие прашања.