„Срцето и шишето“ – приказна за заминувањето

💫А за сите вас кои можеби сакате да нурнете подлабоко во овие теми преку сликовниците за кои пишував во претходната објава, ќе ви дадам еден мал вовед во приказните.

❤️„Срцето и шишето“ од Оливер Џеферс е приказна која за да се сфати целата поента и порака, потребно е да се следат илустрациите паралелно со текстот. Приказната е за едно девојче кое е исполнето со љубпитство за светот околу неа, има живост, радост во срцето… Преку илустрациите дознаваме дека поттик за нејзиното љубопиство е дедото, кој седејќи на една фотеља и чита разни книги и енциклопедии. Еден ден, таа ќе ја најде празна таа фотеља. После тоа се’ се менува… таа се чувствува несигурно и решава да го стави срцето на сигурно место, во шише. Но ништо не остана исто…

🔍Оваа длабоко емотивна приказна е убав поттик да се говори со децата за загубата и смртта. Препорачаната возраст може да варира во зависност од подготвеноста на детето да се говори за оваа тема, особено доколку во семејството имало некаква загуба.