Сликовница за кршливоста на детското срце и потрагата по лекот за тоа да се поправи ❤️
📚”Леле ми се скрши срцето” од Елиф Јемениџи (издание на @antolog_mk ) освен што има топла и поучна приказната за емпатијата и љубезноста, ни се допаѓа и заради прекрасните живописни илустрации.
💭”Туп” – некогаш се случува некоја топка да го удри сладоледот во најразлични бои и да го турне на земја, дури и корнетот се крши при падот. “Чак” – некогаш соништата паѓаат во вода и ви се крши и срцето.
На Мила токму тоа и’ се случува и не знае што да прави за да си го поправи срцето. Пробува многу нешта, но еден неочекуван гостин од небото ќе и’ донесе школка и таа ќе слушне што треба да направи за повторно срцето да и се врати на место ❤️
💡Сликовница идеална за малите палавковци кои полека влегуваат во светот на меѓучовечките интеракции.