„Во полската кукичка“ – сликовница напишана според мотив на народна бајка

„Во полската куќичка“ од Ванчо Николески ја имаме веќе подолго време и е една од оние сликовници кои моите деца ја засакаа од првото читање. Авторот претпоставувам на сите ни е добро познат, Ванчо Николески авторот на „Волшебното самарче“, еден од првите македонски писатели за деца и млади. Интересно е што оваа поема е реиздадена после шеесет години и е напишана според мотив на народна бајка.

„Крај длабока баричка, во зелена тревичка, една мала мушичка си направи куќичка… Варосана, бела чиста куќичката на два ката, не е куќа но палата! Еднаш дувна ветер лош и заврна силен дожд. Дождот лее, ровја пука, на вратата некој чука…“ Се редат непоканети гости, сите сакаат да се засолнат од силниот дожд. Но дали сите ќе бидат добредојдени?

Зошто и јас многу сакам да им ја оваа сликовница на моите деца? Затоа што ритамот и римата се одлични и се многу податливи за интерпретација. А тоа секогаш ги привлекува децата и го зголемува нивниот интерес за читањето 🙂 Ова е една од оние сликовници кои успевам да им ги читам и на двете деца заедно, така што сметам дека може да им се чита и на деца над 1 година.