Тажните детски игралишта во Скопје – 1 дел

Лето во Скопје и две мали деца кои сакаат да си играат надвор низ центарските улици каде нема воопшто простор за деца. Во потрага на функционални и чисти детски игралишта на локации во Центар и Карпош, наидовме на овие глетки. Искршени, небезбедни и валкани игралишта… потрагата по сочувани и чисти игралишта продолжува.