За едицијата „Железница на чувствата“ и сликовницата „Гасеницата Кики“

📚Сликовниците од едицијата „Железница на чувствата“ од Маја Мишевска, а во издание на @libipublishing, ги откриваме постепено. Па така најнова од оваа едиција ни е сликовницата „Гасеницата Кики“ чија главна идеја е значењето на другарството. Ја одборавме во вистински момент, зошто интересот за темата другарство кај Себастијан е голем, па преку приказната си разговараме за неговите другарства и односите кои ги градат во градинката.

🐛Кики е гасеница која сака да се дружи со другите инсекти, но тие ја отфрлаат… Таа е тажна заради тоа, се чувствува осамено и неприфатено. Но еден ден кај неа ќе се случи трансформација, а другите ќе ја сфатат нејзината уникатност…

🔍Интересно е на кој начин се создавале овие приказни – Маја Мишевска, млада авторка, ги создавала овие приказни за да му помогне на своето помало братче да се справи со некои предизвици, како што се стравот од темнината, потребата да се биде секогаш прв, стравот од првиот училишен ден и сл. Навистина прекрасен пример! 🙂