Посетете книжарница заедно со детето
Дозволете му на детето да истражува низ одделот за детска литература, така ќе се разбуди неговата љубопитност за пишаниот збор.
Зачленете го детето во библиотека
Посетете ја локалната библиотека и пронајдете го детското катче. Зачленувањето во овие катчиња е од најмала возраст.
Посетата на библиотеката може да биде активност која кај детето ќе побуди и чувство на одговорност.
Дозволете му на детето да си одбере омилени сликовници за една недела
Оваа навика, ќе го поттикне детето да им се навраќа на сликовниците кои си ги одбрало за таа недела.
По една недела нека одбере други сликовници.
Носете сликовници и книги во автомобил
Особено кога одите на малку подолго патување, ова е одлична можност да се избегнат екрани, а да се задржи вниманието во текот на патувањето.
Поттикнувајте го детето да ги препознава буквите, а подоцна и зборовите
Доколку детето е во фаза во која покажува интерес за пишување и читање, поттикнувајте го да ги препознава буквите и да ги чита зборовите.