Подкаст епизода #13: Мали потрошувачи – големи предизвици

Верувам дека често одите на пазарење во маркет заедно со вашите деца. Сигурно сте забележале дека продуктите кои децата сакаат да ги купуваат се поставени така да бидат лесно достапни за нив. Додека чекате ред на каса, дали сте забележале што има на висина на која се децата, на ниските рафтови? Се’ што тие сакаат. Киндер јајца, чоколади, лижавчиња, мастики, бомбони и што ли уште не? Детето стои на каса со вас, посегнува кон Киндер јајцето, ве моли да го купите…

Децата се дел од ова конзумистичко општество во кое живееме. Тие уште од најрана возраст се под влијание на маркетинг – стратегиите кои имаат за цел да продаваат производи за деца. Со какви предизвици се соочуваат децата, на кој начин ги формира оваа конзумистичката култура и дали ние родителите имаме моќ да направиме нешто во врска со овие предизвици?
Слушајте во оваа подкаст епизода.