„Драга зоолошка градино“ – сликовница за најмалите

Последните неколку месеци Зоолошката градина му е најомиленото и најпосетуваното место на мојот син. Посетата на Зоолошката за него претставува големо доживување и настан во денот, а опсесијата со животните продолжува и дома преку активностите со малите фигури на животни. Имајќи ја во предвид оваа фаза, ја одбрав сликовницата “Драга зоолошка градино” од Род Кембел и не згрешив, зошто сега и таа се наоѓа на листата најчитани 🙂

Оваа сликовница е наменета за најмалите читатели до 3 годишна возраст. Таа е од оној тип на сликовници со мали димензии, тврди страници и куси реченици. Детето има можност да отвора прозорчиња позади кои се кријат животните што овозможува интеракција и е одлична можност за препознавање и учење на имињата на животните.

Многу ми се допаѓа едноставноста на оваа сликовница – не е преплавена со бои, несоодветни илустрации или слики, зошто за жал, можам да забележам дека има многу сликовници од овој тип со невнимателно одбрани илустрации или слики, кои воопшто не се соодветни за оваа возраст.

Сликовницата “Драга зоолошка градино” од Род Кембел е во издание на „Елоквента“.