Нашата потрага по книги за најмалите не’ донесе до едно вистинско откритие! „Три шарени јајца и една лоша маца“ од Билјана С.Црвенковска. Уште веднаш, од првото читање и син ми и мене не’ освои со едноставната приказна, која е соодветна за возраста и е лесно разбирлива. Изобилува со одлична рима, едноставни зборови и интересен ритам. Поттикнува на учење нови зборчиња, а исто така и на броење.
Читањето на оваа сликовница овозможува да се прават интересни интерпретации, а може да се вклучи и детето со погодување на зборчињата. Освен што ни е премногу забавно читањето на оваа сликовница и на двајцата, во овој период кога син ми ги учи бројките, ни помага да броиме и да погодуваме зборчиња.

„Три шарени јајца и една лоша маца“ е одлична книга за оние дечиња кои сега започнуваат да се запознаваат со сликовниците и читањето, но верувам дека ќе им биде интересна и на оние малку поголемите.