Оваа подкаст епизода произлезе како инспирација од прирачникот за родителство „Добри однатре“ од д-р Беки Кенеди, кој ме поттикна подлабоко да промислувам што е добар човек и на кој начин можеме да воспитаме добра личност. Од античките филозофи, преку моето лично родителско искуство, до современите пристапи во родителувањето, ве поттикнувам заедно да размислуваме на овие теми и да ја поттикнеме во нас онаа внатрешна добрина, која ќе биде пример и за нашите деца.