Прашањето за тоа дали печатените или електронските изданија на книгите се подобри, за нас возрасните најчесто е прашање на вкус, можеби навика, но што да одбереме доколку сакаме да им читаме на децата?Дали е подобро да на децата да им читаме од печатени книги или од електронски изданија?Едно научно истражување дава јасен одговор.
Се работи за истражување направено од одделот за Педијатрија на Универзитетот во Мичиген1 во кое биле вклучени 72 родители и нивните 2-3 годишни деца. Истражувањето ја опсервирало интеракцијата меѓу родителите и децата додека родителите им читале печатени книги, основни електронски книги (без звуци и анимации) и електронска книга со анимации и звучни ефекти. Резултатите од истражувањето покажуваат дека родителите повеќе им зборувале на децата, a децата повеќе им одговарале додека читале печатено издание на книгите. Во вториот случај, додека читале од електронските изданија и родителите и децата имале помала фрекфенција на дијалог, а децата полесно го губеле вниманието.
Токму ако да ги постигнеме бенефитите и ефектите од читањето со децата, особено во раната возраст, би требало да ги приоретизираме печатените изданија.
- Differences in Parent-Toddler Interactions With Electronic Versus Print Books ↩︎