„Мама“ од Елен Делфорж и Кентен Гребан (издание на Либи) ми е особено драга и сликовница која буди многу длабоки емоции. Ја добив од пријателка неколку дена пред да се породам со моето второ дете, а ја читавме со заедно со синот деновите додека ја исчекувавме неговата сестричка. Иако на Себастијан му ја читав на неполни 3 години, сепак ова „сликовница“ според мене не е наменета за деца од предучилишна возраст. Би била одличен поттик за размислување на темата мајчинство за деца од училишна возраст. Напишана во стихови, изобилува со прикази на мајки од различни делови на светот, кои доаѓаат од различни социо-економски позадини, истакнувајќи ја улогата која сите нив ги обединува, улогата на мајка и се што доаѓа или се губи заедно со мајчинството. Додека ја читам сликовницата, чувствувам дека е напишана и за нас возрасните.
„Нашите бабички секоја посебна на свој начин“ од Теа Табода (издание на Полица) прекрасно илуструирана сликовница, посветена на бабите во нашите семејства. Едно девојче од Шпанија не’ запознава со нејзината баба и нејзината нана, за едноставните секојдневни мигови поминати со нив и прекрасните искуства кои може да ни ги пренесат постарите генерации жени во нашите семејства. Одлична сликовница за предучилишна возраст.