Доктор Ани Мал – приказна создадена од детската фантазија

„Доктор Ани Мал“ од Марта Чупевска ни е најновото открите во светот на приказните 🙂 Случајно ја забележав на полиците на еден центар за ран детски развој. Вниманието ми го привлече едноставната корица со детски цртеж на неа. По неколку дена истата ја најдов и во книжарница. Тогаш дознав дека сите имиња, дијагнози, третмани и терапии во приказната се креација на синот на авторката Вук, исто како и ислустрациите на сликовницата. Знаев дека ќе биде една од оние сликовнции кои ќе ги препрочитуваме 🙂

Доктор Ани Мал има ветеринарна ординација, секојдневно таа е преполна со пациенти од различни животнски видови. Мачката Катка, шимпанзото Капи, прасето Пики… се само дел од пациентите кои една среда доаѓаат во ординацијата. Доктор Ани Мал ги сослушува нивните симптоми, потоа им дава дијагноза и третман. Сликовницата е напишана во дијалошка форма, што е одлична можност за драматизација и остава простор за разговор. На некој индиректен начин, приказната им помага на децата да се запознаат со начинот на функционирање на една докторска ординација. Самите илустрации и имињата на животните се толку блиски на децата што нема да ги остави рамнодушни.

„Доктор Ани Мал е неминовна завршница на еден животен циклус, кога уште од самото раѓање на своето чедо почнувате со читање и раскажување приказни, бајки, басни и со пеење приспивни песни. Мозочните клетки што ги развиваат децата мечтаејќи на јазик којшто можеби се уште не го разбираат, но го чувствуваат, понатаму го носат во нови, длабоки и далечни светови, никому дотогаш познати, ниту пак откриени.“ пишува авторката Марта Чупевска за идејата за оваа сликовница.