За сите дечиња (а и родители) кои мака мачат со заспивањето… Една приказна која може да донесе сон, зошто преку неа се влегува во светот на овците кои носат сон! 😊
🐨“Коалата што не можеше да заспие” од Зејнеп Севде, илустрации на Серхат Албамја е забавна сликовница која секогаш кога му ја читам на син ми му измамува насмевки на лицето, а последниве месеци оваа сликовница има нов обожавател, тоа е мојата 13 месечна ќерка.
📚Време е за спиење, Али лежи во својот кревет, се врти, се превртува, но сон никако не му доаѓа. Добива идеја – му требаат сто овци за да заспие. Црта облак над својата глава и почува да ги брои овците, но за да ја види седмата овца треба да влезе внатре во облакот. Таму се отвора еден нов свет – Земјата на овците што носат сон, каде има млеко од облаци, воздушести куќи, дрвја од облаци… и еден глобус водич! На него се појавуваат имињата на сите оние луѓе и животни во светот кои не можат да заспијат, па овците секоја вечер полетуваат во мисија да им помогнат. Али ќе и се приклучи на овцата Седум на една таква мисија…
🔍Оваа сликовница е забавна и на интересен начин им говори на малите за важноста на сонот, но и за тоа дека е нормално што пнекогаш не можеме да заспиеме. Книга идеална за пред спиење 🙂 Издавач е @prozartmedia