
Алетеа е име инспирирано од Alethea, поим за вистина или нескриеност, присутен кај многу мислители од Античката филозофија, преку христијанската теологија, до филозофијата на XX век.
Здраво! Добре дојдовте на мојот блог и подкаст „Алетеа“. Јас сум Ена, мајка, дипломиран педагог и магистер по филозофски науки.
Алетеа е блог и подкаст, но и едукативно катче каде заедно можеме да најдеме начини како да создадеме квалитетна околина за развој на децата преку читање сликовници, работилници и врмежување.
Во текот на моето родителување практикувам многу читање со моите деца, па така освен теоретски и практично ги осознав вредноста и бенефините од читањето на децата.
Идејата за Алетеа се создаде како желба за создавање на подкаст содржини од областа на филозофијата, образованието и културата. Со текот на времето созрева во нешто малку пошироко од само подкаст. Освен на овој начин, Алетеа го започнува и својот нов поформален пат, а тоа е како Здужение на граѓани за развој на културни вредности „Алетеа“.
Посакувам содржините кои ги споделувам да ви бидат инспирација и поттик во вашите животи и во вашите контексти.
Се радувам што сте тука 🙂