За сликовницата „Приказната за малиот Уг“

🌳Повеќето од нас во текот на детството на различни начини сме се сретнале со чувство на неприпаѓање и невклопување во средината во која сме се растеле. Инаквоста често е предмет на потсмев од страна на врсниците, па доколку детето не знае како да го искомуницира она што му се случува, тоа може да остави траги врз неговиот развој, кои понатаму во животот ќе се провлекуваат низ релациите со другите. Затоа е важно навреме да зборуваме за овој многу важен елемент во социјалните релации.

🌻Сликовниците кои ја имаат оваа тематика, може да бидат одлична подготовка за децата, особено пред поаѓање во градинка или на училиште, тогаш кога детето влегува во социјални интеракции со група на врсници. “Приказна за малиот Уг” од @inna_nameless Ирина Атанаскова (издание на @chudnashuma) е една од тие сликовници.

🌵На Зелената планета живеат Угови. Тие се раѓаат од земјата, со мали ливчиња на главите кои потоа израснуваат во големинрастенија. Еден ден на таа планета се роди еден малку поинаков Уг – на неговата глава немаше листови и тенко стебло, туку растеше дебело стебло со боцки! Тоа Угче беше поинакво од другите, а толку сакаше да се гушка и да има другарчиња, но другите не сакаа да го гушкаат зошто тоа боцкаше. Заради тоа, Угчето беше осамено и тажно, правеше се за да биде како другите… но неуспешно. Се додека еден ден на неговиот прозорец дојде едно животинче…

❤️Примерот со малото Угче може да не’ потсети дека секој може да си најде место во кое ќе се чувствува прифатен и сакан каде може да најде пријатели и дом.