Септември – месец на нови почетоци

Почетокот на септември не асоцира на нови почетоци, отворање на нови хоризонти и на нови можности. За многу првачиња денес се отвора едно нова поглавје од нивниот живот – тие зачекоруваат во ден свет кој може да им донесе многу можности.
Иако јас немам прваче оваа година, ја споделувам радоста со сите родители кои денес за прв пат ги однесоа своите дечиња на училиште. Нека им е среќен почетокот и храбро! 😀 <3

А по тој повод споделувам три сликовници кои можат да бидат вовед во запознавањето со буквите и бројките.

Безвременската „Бушава азбука“ од Горан Стефановски во реиздание на @chudnashuma.
Ја имам среќата што се’ уште си го чувам првото издание на „Бушава азбука“ и со син ми почнавме да ја разгледуваме уште пред да наполни 3 години. Тоа беше неговата прва средба со буквите и може да кажам дека беше многу поттикнувачки за многу брзо да почне да пројавува интерес за буквите.

Азбука со Стела и Сани од Венко Андоновски во издание на @knizarnica_tri.
И со Азбуката на Сани и на Стела се дружиме веќе две години. Интересни приказни за настанокот на нашата азбука кои ја поттикнуваат детската имагинација и го олеснуваат начинот на помнење на буквите.

„Бунтот на бројките“ од Јована Матевска Атанасова, издание на @libipublishing. Оваа сликовница ни е најнова, досетлива приказна за исчезнувањето на броките од светот. Приказната е малку подолга, но за оние деца кои имаат фокус, навистина е забавна и поучна.

Среќен септември на сите 🙂 <3