Во саботата во Галерија Метаноја имавме прекрасна семејна предпладневна дружба.
Срцето ми беше преполно кога детските очиња љубопитно почнаа да шараат низ галеријата во очекување да започнеме со работилницата!
Се изенадив кога видов дека нашиот најмал посетител имаше само 2 месеци 🥰 Тука беа и тодлерчињата кои љубопитно сакаа се’ да видат, да допрат, да ги повторат новонаучените зборчиња, а умните батковци и дадички со целосно внимание ја впиваа приказната за полжавот и китот.🤗
По читањето игравме игра преку која ги „посетивме“ локациите кои се опишани во сликовницата, а целта беше да откриеме и научиме животни кои живеат на тие живеалишта.
Уште еднаш сакам да заблагодарам на @metanojacafe и @miokovicmilkova кои ни го отстапија просторот во галеријата за овој настан.❤️
Благодарност и до Јазичен Центар Елоквента за поддршката и соработката.
Во очекување на следната работилница која планирам да ја организирам наскоро💫 Ви благодарам на сите за поддршката и позитивните коментари!